-->
-->
Средба на министрите на ЕУ за помош на Украина за членство во Унијата
-->
Помош на Украина на патот кон ЕУ и како да одговори на барањето на оваа земја да ги започне преговорите за членство во Унијата и побрзо да стане членка, е главна тема на денешната средба на министрите за европски прашања на Унијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокoт во Киев изјави дека очекува официјалните разговори за членството на неговата земја да започнат до крајот на годината.
„Целта е преговорите да започнат оваа година и тоа не е само целта, туку и главната голема цел“, нагласи тој по средбата со колеџот на Европската комисија што се одржа во Украина, во присуство на претседателката Урсула фон дер Лајен и неколку комесари на ЕК.
Францускиот државен секретар за ЕУ, Лоранс Бун, денеска при пристигнувањето на состанокот изјави дека ЕУ размислува за начин Украина да го најде своето место во процесот на проширување на ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати