Средба на министерот Спасовски со новиот француски амбасадор Кристиан Тимоние
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со новоименуваниот амбасадор на Франција во Македонија Кристиан Тимоние.
Како што соопшти денеска МВР, министерот Спасовски на амбасадорот Тимоние му посакал успешна работа во текот на неговиот мандат и изразил благодарност за досегашната помош и поддршка за нашата држава и конкретно за Министерството за внатрешни работи.
Амбасадорот Тимоние, како што се наведува во соопштението на МВР, го поздравил начинот на кој МВР и другите институции се справија со проблемот со мигрантите и изразил надеж дека во Македонија ќе се одржат фер и кредибилни избори и МВР ќе го даде својот комплетен придонес за тоа да се случи.
Министерот Спасовски на средбата уверил дека МВР во целост ќе ги заврши своите обврски за претстојните избори и нема да биде дозволена било каква злоупотреба ниту на човечки ниту на технички ресурси.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“