Средба на Мицкоски со специјалниот претставник на Обединетото Кралство сер Стјуард Пич и амбасадорот Лосон
Актуелната состојба на европскиот континент и потребата од солидарност, како и енергетската криза биле теми на разговор на средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со специјалниот претставник на Обединетото Кралство, сер Стјуард Пич, придружуван од британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон.
Покрај Мицкоски, на средбата присуствувале и потпретседателот и членот на Извршниот комитет на партијата, Владо Мисајловски и Драган Ковачки.
-ВМРО-ДПМНЕ како партија е силно за борбата со криминалот и корупцијата, заложба која не ја гледаме кај власта, и поради која сметаме дека е неопходно да дојде до промени. Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнат и планот Македонија под влада на ВМРО-ДПМНЕ да стане целосно енергетски стабилна, во однос на производството на струја, што ќе значи безбедност за државата и за системот на НАТО од кој сме дел. Но, и интензивирање во работата на гасоводите и диверзификација на изворите, информира ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението е наведено дека специјалниот претставник Пич истакнал дека Обединетото Кралство ќе продолжи со поддршката за напредокот на земјата и животот на нејзините граѓани.
Ново на Сител
-
Истрага за криминал во Лотарија
-
Расчистени повеќе убиства вршени во подземјето
-
Никој не открива кои објекти биле мета на терористичката ќелија поврзана со ИСИС
-
Мицкоски вели акциите се со поддршка од САД
-
ЗНАМ ја промовираше платформата за национално обединување, бара поддршка од сите партии
-
Мицкоски: Ниту еден данок нема да се зголеми
-
В сабота цело Скопје ќе остане без вода, ќе се затвора главната цевка за да се санираат дефекти
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир