Средба на лидерите од Западен Балкан во Охрид
Зоран Заев е домаќин на трилатералната работна средба на лидерите од Западен Балкан што денеска ќе се одржи во Охрид. На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.
Агендата предвидува во Охрид да се одржи работен состанок на кој покрај тројцата лидери ќе учествуваат уште и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.
По средбата ќе следи пленарна сесија на лидерите од Западен Балкан со претставници на меѓународни организации и институции, меѓу кои, Европската банка за обнова и развој, Регионалниот совет за соработка, Европската комисија, Светската банка и Европската инвестициона банка. По работните состаноци најавена е и прес-конференција на лидерите на Западен Балкан.
Поради средбата преземени се активности за сообраќајно и физичко обезбедување на сообраќајниците, така што во координација на полицијата со субјектите одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со јавните претпријатија, се отстрануваат сите паркирани возила од дел на сообраќајниците во градот што водат кон хотелот каде ќе се одржуваат состаноците. За време на одржувањето на средбите целосно ќе биде забрането запирање и паркирање возила на паркинг-местата на потегот булевар „Туристичка“ – „АСНОМ“ – Кеј „Македонија“, како и на улицата „Партизанска“ до крстосницата со „Јане Сандански.
Ново на Сител
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син