Средба на Иванов со Младен Иваниќ, член на Претседателството на БиХ
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Младен Иваниќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, кој престојува во работна посета на Република Македонија.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, двајцата соговорници констатирале добра билатерална соработка меѓу двете земји, без отворени прашања, и изразиле заемен интерес за јакнење и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.
На средбата, се наведува, биле разменети мислења за состојбите во регионот, во контекст на актуелните предизвици и неговите евроатлански перспективи. Членот на Претседателството Иваниќ, го запознал претседателот Иванов со актуелните политичко-економски состојби во Босна и Херцеговина и со клучните предизвици на земјата во наредниот период. Во таа насока, биле реафирмирани заложбите за натамошна меѓусебна помош, поддршка и соработка, со цел побрзо исполнување на стратешките цели на двете земји.
- Соговорниците разменија информации за престојаните состаноци на регионалните иницијативи во кои учествуваат двете земји, како и предлог-идеи за унапредување на регионалната и соработката на мултилатерален план. Притоа, беше изразена загриженост од одредени ретроградни процеси, кои во актуелниот момент, кога Европа и регионот се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици, можат дополнително да ги влошат состојбите и односите во регионот, стои во соопштението.
Претседателот Иванов, се додава, ја нагласил подготвеноста на Република Македонија за натамошно унапредување на односите со Босна и Херцеговина и за продлабочување на соработката особено во областа на економијата и безбедноста. Економската соработка, констатирале двајцата соговорници, не го следи нивото на политичките односи меѓу двете земји, ниту пак соодветствува со реалните можности и капацитети.
Заемен е заклучокот дека е неопходно низ дијалог и забрзана интеграција, како и со фокусираност на крупни инфраструктурни поврзувања, да се дојде до политичка, економска и безбедносна консолидација во регионот на југоисточна Европа. Воедно, претседателот Иванов го реафирмирал интересот за официјална посета на тројцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина на Република Македонија, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Во Прилеп синоќа започна одбележувањето на годишнината од Карпалак
-
Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки
-
СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија
-
Вработените во Флораком и Луна од 10 часот почнаа протест поради неисплатени плати
-
Има ли доволно сместувачки капацитети на брегот на Охридското Езеро?
-
Зголемување на финансиските средства во буџетот на Општина Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите