Средба на Иванов со делегација амбасадори од земји - членки на ЕУ

Последните случувања околу актуелната политичка криза во земјата и можностите за нејзино надминување биле тема на разговор на денешната средба на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со делегација од амбасадорите и замениците-амбасадори на Чешката Република, Република Австрија, Словачката Република, Кралството Шведска, Република Хрватска и на Република Словенија кои се дел од земјите од групата пријатели на Република Македонија во ЕУ. .
Како што соопшти кабинетот на претседателот, Иванов уште еднаш истакна дека очекува одговорно однесување од лидерите на сите политички партии, потписници на договорот порачувајќи дека преземените обврски мора доследно да бидат реализирани и во рамки на предвидените рокови.
- Македонија е предолго време во политичка криза и сите политички партии мора да покажат максимална одговорност и доследно да ги исполнат сите обврски од договорот. Тоа е нивна обврска, и тоа е нешто кое го очекуваат граѓаните на Република Македонија, истакна на средбата претседателот Иванов.
Македонскиот претседател, се наведува, уште еднаш повика на разумност и на конструктивен дијалог, како единствен успешен начин за изнаоѓање решение, усогласување на ставовите и надминување на предизвиците.
Претставниците на земјите од групата пријатели на Република Македонија, пак, ја изразија својата загриженост од неможноста политичките партии да постигнат согласност во однос на спроведувањето на политичкиот договор за излез од политичката криза.- Се согласија дека политичкиот дијалог и стабилизирањето на политичката клима во земјата е од суштинско значење за европската и евроатлантската иднина на Македонија. Во тој контекст заеднички апелираа до политичките партии да заземат сериозен и одговорен пристап во однос на имплементирање на договорот и да се фокусираат на евроатлантскиот пат на земјата, стои во соопштението.
Потенцирајќи дека Република Македонија има вложено огромен труд, ресурси и посветеност за имплементирање на европските реформи, претседателот Иванов порача дека евентуалното назадување на патот на евроинтеграциите ќе претставува огромен неуспех за сите субјекти во државата и, пред сè, ќе влијае фрустрирачки и демотивирачки за македонските граѓани, кои во огромно мнозинство ја поддржуваат европската перспектива на земјата, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
