Средба на Груевски со потпретседателот на Европската Народна Партија Антонио Тајани

Исполнување на стратешките цели во насокa на исполнување на евроатланските интегративни процеси на Македонија, актуелната политичка состојба и разгледување на можностите за интензивирана соработка беа тема на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со потпретседателот на Европскиот парламент и потпретседател на Европската Народна Партија Антонио Тајани.
Груевски, како што соопштија од партијата, го запознал соговорникот со актуелната политичка состојба при што истакнал дека изборите на 24 април се потребни за излез од политичката криза, а воедно од врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е тие да се фер и демократски.
Тајани изразил уверување за побрзо надминување на политичката криза преку реализација на избори во што е можно покус рок и добивање на стабилна влада која ќе продолжи со отпочнатите процеси.
Ново на Сител
-

Горивата остануваат најевтини во регионот, опозицијата предупредува на „финансиски крах“
-

СДСМ го промовира фронтот за вистина и правда - најави закон за нулта толеранција на корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителката Коларевиќ ги спасува кадрите на СДСМ и ДУИ
-

19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
-

Метеоропатитите најмногу погодени од честите временски промени
-

Инвестиции на истокот - Мицкоски во Виница
-

Преглед на вестите од светот
-

Туристите од Германија најбројни
