Средба на Груби со в.д. шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Ерик Мејер
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари средба со вршителот на должноста шеф на Мисијата на Американската амбасада во Скопје, Ерик Мејер, со кого разговараше за проектите Коридор 8 и 10Д, како и за најновите случувања во насока на почетокот на работата на овој проект.
Како што соопшти Кабинетот на Груби, дискусијата за важноста на овие проекти не само за земјата, туку и за целиот регион направи целата Влада да се посвети за нивна брза и квалитетна реализација.
– Процесот е веќе пред избор на консултант за финансиската трансакција и се очекува во следните неколку дена изборот да биде завршен и да продолжи понатаму. Управниот комитет на Владата формираше три тима со конкретни задачи за експропријација, преговори и реализација на проектот, додека консултантот за финансиска трансакција и надзор ќе треба да преговара со „Бехтел Енка“ и во рок од 21 ден да склучи договор кој потоа ќе биде испратен прво до Комитетот, а потоа до Владата за потврда. Очекуваме во текот на оваа лето да започне изградбата и да се постави камен-темелникот, рече Груби.
Двајцата соговорници разговараа и за политичката состојба во земјата и регионот, како и за спорот со Бугарија, за изнаоѓањето решение за давање зелено светло и одржување на првата меѓу владина конференција.
Груби уште еднаш му ја пренесе пораката на Мејер дека европската интеграција е од големо значење за Северна Македонија, поради околностите во кои се наоѓа целиот свет во моментов.
Исто така, на оваа средба Груби ги поздрави посетите на високите американски претставници на Скопје, како голема поддршка за нашата земја на патот кон големото европско семејство и воспоставувањето на стратешкиот дијалог на нашата земја со САД.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции