Средба на генералите Величковски и Селва во Вашингтон
Во рамки на официјалната посета на Вооружените сили (ВС) на САД, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски вчера во Вашингтон се сретна со заменикот-началникот на Здружениот штаб на ВС на САД генерал Паул Селва.
На средбата во Пентагон, соопшти денеска МО, генералот Величковски искажал благодарност за поддршката која АРМ ја добива од ВС на САД, оценувајќи ја билатералната соработка помеѓу двете армии како исклучително плодна и сестрана, градена врз искрено долгогодишно партнерство.
Началникот на ГШ на АРМ нагласил дека САД претставуваат стратегиски партнер на Република Македонија, при што искажал очекувања за продолжување на поддршката од САД за полноправно членство во НАТО на Република Македонија, укажувајќи и на фактот дека АРМ ги има достигнато потребните стандарди на Алијансата, што е потврдено и со долгогодишното учество во мировните операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН.
Генералот Селва истакнал дека САД ја поддржуваат посветеноста на Република Македонија во изградбата на воени капацитети и способности согласно НАТО стандардите, заради што преку разни фондови и програми ќе се поддржи изградбата и професионален развој на офицерскиот кор на АРМ, како и обуката, вежбите и процесот на модернизација.
Двајцата генерали изразиле задоволство од развојот на партнерската програма за соработка на АРМ со Националната гарда на Вермонт, кое во изминатите 20 години даде видливи резултати во достигнувањето на стандардите на НАТО, но и во делот на заедничко распоредување на сили во мисија.
Во Пентагон, пред домаќините, од страна на началникот на ГШ на АРМ биле презентирани и приоритетите во развојот на АРМ и искуствата од учеството во меѓународните мировни мисии.
Ново на Сител
-
Никола Груевски за Фросина и други потенцијални жртви, за Игор Југ и Зоран Заев
-
Преку Бугарија транзитирани рекордни количества на руски гас
-
Дубаи потпиша договор за брза транспортна мрежа со компанијата на Илон Маск
-
Руски дрон удри во нуклеарката во Чернобил | ВИДЕО
-
МЗШВ: Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
-
Странски туристички агенти влегоа во Северна Кореја првпат по затворањето на границата во 2020 година
-
Таравари: Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања
-
Дибала повторно се повреди