Средба на Џафери со претседателот на Врховната Рада на Украина Стефанчук
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на маргините на Првиот парламентарен самит на меѓународната Платформа за Крим оствари средба со претседателот на Врховната Рада на Украина Руслан Стефанчук.
Како што соопшти владината прес-служба, Џафери му изрази искрена благодарност на претседателот Стефанчук во негово лично име, од име на семејството, пратениците и Собранието на Република Северна Македонија за високата чест што му е направена со доделувањето на Oрденот Јарослав Мудриот од украинскиот претседател Володомир Зеленски, за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка и поддршка на суверенитетот и интегритетот на Украина.
Џафери, како што се наведува, исто така му изрази честитки на претседателот Стефанчук за добивањето на статусот на земја – кандидат за членство во ЕУ, што е соодветно решение во овие околности во кои се наоѓа земјата и Украина може да смета на наша целосна поддршка во тој контекст.
– Претседателот Стефанчук од друга страна, изрази почит и благодарност кон претседателот Џафери за личната и институционалната поддршка што Република Северна Македонија ја дава за праведната борба на Украина во одбраната на заедничките вредности, слободата и демократијата. Тој изрази надеж дека подршката ќе продолжи и во обидите за повторна изградба на разрушената инфраструктура на Украина, како и во постигнувањето на најважната цел, односно, целосното ослободување на Украина, стои во соопштението.
Претседателот Џафери изрази уверување дека поддршката на Република Северна Македонија ќе продолжи и во иднина во сите области, секако во рамките на можностите на нашата земја.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
