Средба на Џафери со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска остварил средба со потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Бесани, соопшти собраниската прес-служба.
На средбата, како што се наведува во соопштението, присуствувале и Џиаокинг Жу, директорка на Светска банка за регионот на Западен Балкани, Масимилиано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија и Косово и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова.
Џафери информирал за временската рамка во која Собранието ќе го усвои Буџетот за 2024 година, како и за законите кои се усвоија во Собранието во изминатиот период, со акцент на новиот Закон за буџети со кој се воведоа фискални правила, Фискален совет и подобрување на транспарентноста на јавните финансии.
Во однос на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за одржливост и отпорност, Џафери нагласил дека е во собраниска процедура, а како предуслов за усвојување на овој закон Собранието има усвоено 11 дополнителни закони.
Потпретседателката на Светска Банка, како што стои во соопштението, изразила задоволство што ги поддржуваат амбициите и целите на државата во изминативе 30 години и надеж дека плодната соработка ќе продолжи и во иднина.
Бесани се осврнала на наодите од ажурирањето на Систематската дијагностика за земјата од 2023-та година и се осврнала на приоритетите на земјата кои би можеле да бидат поддржани од Светска банка во следната Рамка за партнерство со земјата.
Соговорниците се согласиле дека поддршката што ја добива Република Северна Македонија од Светска банка е силен сигнал дека државата се движи во вистинска насока, и е мотивација да се продолжи со политиките и започнатите реформски процеси, а во исто време дава сигнал кон меѓународните чинители и меѓународните финансиски пазари.
Ново на Сител
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
-
Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило според законските стандарди, покажа ревизорскиот извештај
-
Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам