Средба на директорот на ЦУК Ангелов со претставници на Синдикатот на вработените во Центарот и СОБ
Во Центарот за управување со кризи денеска се одржа средба на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов со највисоките претставници на Синдикатот на вработените во Центарот (СВЦУК) и од Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ).
Како што соопштија од ЦУК, средбата е континуитет на повеќето такви средби на директорот Ангелов со претставниците на Синдикатот - претседателот на СОБ, Ристо Ајтов, претседателот на СВЦУК, Владимир Зафирковски и потпретседателот на СВЦУК, Илија Бојаровски, во насока на општите разговори за идниот колективен договор за вработените во ЦУК, што би требало да се усклади и со неодамна донесениот Општ колективен договор за јавен сектор на ниво на држава.
- Од страна на синдикалните претставници беше образложено гледиштето дека, иако е постигнато зголемување на платите за дел од дежурните вработени во ЦУК, прв пат во 18-годишното постоење на ЦУК, сепак неодминливо е да се работи за да се оствари тоа зголемување на платата за 30 отсто и за вработени во други делови на Центарот. За таквите дејства и активности што се во прилог на зголемување на правата и на платата на вработените во ЦУК, Синдикатот секогаш инсистира и истовремено дава поддршка, бидејќи тоа е дел и од општествениот напредок во поширока стратешка слика, се наведува во соопштението.
Притоа, на средбата, од двете страни беше изразено позитивно гледиште и меѓусебен респект во однос и на формалната, како и на суштинската соработка меѓу работодавачот, во случајот ЦУК, со Синдикатот на вработените во ЦУК (СВЦУК). Практично преку СВЦУК, како регионална основна синдикална организација на СОБ соработката се остварува по вертикална линија и со Синдикатот на одбраната и безбедноста, а и со Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација