Средба Митрески - Хаџиев: Регионалната и меѓународната соработка е клучна за развој на секоја држава
Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска оствари средба со Асаф Хаџиев, генерален секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), на маргините на 62-та седница на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на ПАБСЕК.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Митрески на средбата ги истакнал приортиетите и целите на нашата држава во контекст на регионалната соработка и ја потенцирал нашата подготвеност да придонесе и во иднина за унапредување на соработката во ПАБСЕК.
Претседателот го информирал Хаџиев и за предизвиците што стојат во нашиот процес на интегрирање во Европската унија.
На средбата, како што посочуваат од собраниската прес-служба, двајцата соговорници ја нагласиле важноста на членството на Северна Македонија во оваа организација, како дополнителен придонес во унапредувањето на парламентарниот дијалог и соработката во рамките на регионот.
Хаџиев потенцирал дека високо го цени членството на Северна Македонија во ПАБСЕК, како организација која претставува мост за соработка меѓу членките.
На крајот на средбата, генералниот секретар го поканил Митрески да го посети седиштето на ПАБСЕК во Истанбул.
Ново на Сител
-
Трамп го повика Врховниот суд да го прекине спроведувањето на законот за забрана на ТикТок
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје
-
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина
-
Намалени и цените на дел од основните прехранбени производи што не се дел од Новогодишната кошничка, Владата продолжува да ја следи ситуацијата
-
Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери
-
Наутро студено и магливо, преку ден сончево
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка