Средба Мицкоски – Соботка
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (5 ноември 2018-та година), заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев остварија средба со претседателот на националниот совет на Австрија Волфганг Соботка.
На средбата се разговараше за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Република Македонија, како и за актуелните политичка и економска состојба во државата.
Претседателот на партијата Мицкоски на средбата го информираше својот соговорник за политичкиот прогон кој го спроведува власта, преку монтирани случаи и злоупотреба на институциите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на власта кон политичките противници е далеку од западните и европски вредности кон кои се стреми Македонија.
Мицкоски ја потенцираше и влошената економска состојба во Македонија која е резултат на неспособноста на актуелната власт. Тој истакна дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, а владата не може да обезбеди економски раст.
Соговорниците разговараа и за реформските приоритети кои се важни за членството на државата во ЕУ и НАТО.
На средбата беше истакнато дека е од огромно значење поддршката на Република Австрија за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, но приоритет е земјата сериозно да се зафати со реформи во кои за жал моментално власта сериозно заостанува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје