Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со амбасадорот на Европската Унија во Скопје Михалис Рокас, во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година.
По средбата Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција, соопшти владината прес-служба.
Европската комисија на 3 ноември го објави извештајот за напредокот на земјава.
Во извештајот се наведува дека македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“.
Во документот се посочува дека се потребни понатамошни брзи и решителни активности во однос на одредниците за старт на преговорите во согласност со Преговарачката рамка, со цел Првиот кластер да биде отворен што е можно поскоро и кога ќе бидат исполнети поставените услови.
Евроамбасадорот Рокас во вторникот и го предаде извештајот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а го презентираше и пред пратениците на затворена седница во Собранието.
МИА
Ново на Сител
-

Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари
-

Бројот на жртви од Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти
-

Царинска управа: Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми | ФОТО
-

Претрес во Гевгелија, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице
-

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
