Средба Иванов-Ванг Чао за билатералната соработка меѓу Македонија и Кина

- Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Народна Република Кина Ванг Чао.
Двајцата соговорници, како што информира Кабинетот на претседателот Иванов, го поздравија интензивирањето на политичкиот дијалог и зголемената динамика на средби на високо ниво, како и позитивниот развој на севкупната билатерална соработка меѓу Република Македонија и НР Кина.
- Јакнењето и унапредувањето на искреното партнерство со Кина е трајна определба на нашата надворешна политика, истакнал претседателот Иванов, изразувајќи особено задоволство од процесот на соработка меѓу НР Кина и земјите на Централноисточна Европа 16+1 и конкретните иницијативи и активности кои произлегуваат од овој процес.
Македонскиот претседател изразил поддршка за глобалниот кинески проект - „Патот на свилата“ и иницијативата „Еден појас, еден пат“, посочувајќи дека оваа иницијатива отвора сериозни перспективи за нови трговски патишта и зголемени инвестиции, како и нова димензија во односите и економската соработка со НР Кина. Во таа насока, претседателот Иванов го реафирмирал интересот за натамошно вклучување на Република Македонија во инфраструктурните проекти кои произлегуваат од овој процес.
Заменик-министерот за надворешни работи Ванг Чао ја пренел поканата од кинескиот претседател Си Џипинг за посета на претседателот Иванов на Народна Република Кина по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
На средбата со заменик-министерот за надворешни работи Ванг Чао, македонскиот претседател се заблагодарил за севкупната техничката помош од НР Кина за проекти од различни области и го поздравил потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Кина и земјите на Централноисточна Европа за формирање на Координативен центар за културна соработка со седиште во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
-

Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
-

Вработените во Пошта протестираа за плати, додека објектот во кој работат пропаѓа од сите страни
-

Обоистката Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана - директорот тврди се однесувала агресивно
