Средба Гир - Дамева за препораките на оценската мисија на ЕУ
Евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека вчера имал продуктивен состанок со претседателката на Судскиот совет (СС) Весна Дамева и се надева дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките од Oценската мисија на Европската унија.
-После пресудата на Управниот суд со која беше поништена одлуката за разрешување на Дамева, покажав заинтересираност да се сретнам со претседателката на Судскиот совет. Како што знаете, јас не се сретнав со нејзиниот претходник затоа што ние ја искажавме тогаш нашата загриженост за начинот на кој што беше разрешена Дамева, но и за изборот на тогашниот претседател на Судскиот совет. Нашата загриженост беше адресирана од страна на Управниот суд со нивната одлука повторно да се врати Дамева, рече денеска Гир, пред почетокот на Саемот за граѓанско општество, во одговор на новинарско прашање.
Тој додаде дека на средбата со Дамева разговарале за состојбите во Судскиот совет, за препораките кои беа објавени од страна на Оценската мисија на ЕУ минатата година, како и за мерките кои ќе бидат преземени од страна на Судскиот совет.
-Мислам дека имавме многу продуктивен состанок со претседателката на Судскиот совет и искрено се надевам дека сите членови на Судскиот совет ќе свртат нова страница и ќе се обидат да ги спроведат препораките од страна на Оценската мисија на ЕУ. Зборувавме и за компетенции коишто ги имаат членовите на Судскиот совет, додаде Гир.
Ново на Сител
-
Приведен 44-годишен маж во кумановско, возел под дејство на алкохол
-
Земјава на 42 место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници
-
Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД
-
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
-
Муцунски - Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава