Средба Џафери-Кеихо Ханеда
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во нашата држава Кеихо Ханеда.
Џафери, како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, изразил задоволство и упатил честитки до првиот резидентен амбасадор на Јапонија со седиште во Скопје. Изразил надеж дека сега ќе се создадат уште подобри услови за продлабочување и интензивирање на соработката на сите полиња.
Тој потенцирал дека иако географската оддалеченост на двете држави е голема, сепак, како што се наведува, односите меѓу двата народа се блиски и пријателски и така треба и да останат.
- Очекуваме во периодот кој следи да ги формираме пратеничките групи за соработка меѓу кои и со Кралството Јапонија и да ја интензивираме парламентарната соработка како и севкупните политички и економски односи меѓу двете земји, истакнал Џафери.
Јапонската амбасадорка, честитајќи му го изборот на функцијата претседател на Собранието, како што стои во соопштението, изразила задоволство од пријателството што го забележала кај македонските граѓани.
Кеихо Ханеда, како што се наведува, најголем интерес изразила за зајакнување на економската соработка и ја искажала својата подготвеност да ги посети слободните економски зони и да се запознае со можностите за развој и заемна соработка.
Двајцата соговорници на средбата изразиле надеж за стабилизација и евроатлантска интеграција на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност