Средба Анастасиадис - Мицотакис
Кипарското прашање и турските провокации беа главните теми за кои разговараа претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис и премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, на нивната денешна средба во Никозија.
Мицотакис ја задржа досегашната традиција, првото официјално патување во странство на новиот премиер на Грција да биде на Кипар. Истакна дека посетата не е само симболична, туку и суштинска затоа што и двете земји заедно се соочуваат со предизвиците во поширокиот регион, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер рече дека на средбата со Анастасиадис разговарале за „интензивираната турска провокација која флагрантно ги крши суверените права на Кипар“ и за начините како организирано да реагираат не само двете земји, туку и реакција што се однесува и на самата Европска унија.
Кипарскиот претседател од негова страна му се заблагодари на Мицотакис за поддршката на Грција во однос на „нелегалните активности на Турција“.
Анастасиадис и Мицотакис на заедничката прес конференција, по нивната средба се осврнаа и на разговорите за решавање на кипарското прашање.
-За кипарското прашање му повторив на кипарскиот претседател дека завршувањето на турската окупација и понатаму цврсто е наша главна грижа и апсолутен стабилен стратешки стремеж на надворешната политика на Грција, рече Мицотакис.
Кипарскиот претседател истакна дека отпочнувањето на разговорите бара и активен придонес од Турција во создавање соодветна клима со завршување на активностите во ексклузивната економска зона на Кипар.
-Се стремиме кон изнаоѓање решение што нема да направи победници и поразени, но во исто време ќе ја гарантира функционалноста, одржливоста и ќе ги штити човековите права на сите легитимни граѓани, со целосно почитување на политичката еднаквост, на начин што нема да создаде хипер привилегија во корист на едната и на штета на другата заедница, истакна Анастасиадис.
На средбата во Никозија, кипарскиот претседател и грчкиот премиер разговарале и за ситуацијата на Блискиот исток, за Брегзит, а Мицотакис го информирал Анастасиадис за приоритетите на Владата и за трите први закони во Парламентот.
Грчкиот премиер од денеска се наоѓа во дводневна посета на Кипар, а заедно со него се министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, министерот за енергија и животна средина, Костис Хаѕидакис и министерот под премиерот и владин портпарол, Стелиос Пецас.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово
-
Кливленд го има вториот најдобар старт во историјата на НБА
-
Продлжува комисисиската расправа за Предлог - буџетот за 2025 година
-
Трамп може да ја преиспита одлуката за нападите со ATACMS на руска територија, тврди извор од тимот за транзиција
-
Заедничка седница на владите на Македонија и на Косово во Приштина
-
Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна
-
Тајмс: Американски ракети со долг дострел најверојатно ќе се користат во борбите во Курск
-
Студено со појава на магла наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност