-->
-->
Сребрениот пливач Стојаноски на прием во АМС
-->
По освоениот медал на Светското првенство за пливачи со оштетен слух од страна на Андреј Стојаноски денеска Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција на која беше поздравен успехот на Стојаноски на натпреварувањето што се одржа во Сан Антонио, САД.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески изјави:
- Андреј Стојаноски е во групата врвни македонски спортисти и притоа има континуитет на врвни резултати. Во неколку наварти Стојаноски го освојуваше четвртото место, а ова сега е негов најдобар резултат. Тој е носител на стипендија од светска категорија и со овој резултат ја потврди и за следните четири години. Ова е огромен успех и за неговиот тренер, кој истотака ќе добие и еднократен надоместок. Поддршката од Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи, а учеството на ова натпреварување беше помогнато со 250.000 денари.
Освојувачот на медалот Андреј Стојаноски истакна:
- Ова беше тежок натпревар, а сребрениот медал беше голема желба. Во иднина ќе тренирам и се надевам дека ќе освојам и златен медал.
Стојаноски беше учесник на четири финални трки, а среброто го освои во дисциплината 1.500 метри слободно, додека на 400 слободно беше петтопласиран, на 200 слободно беше осми, а седмото место го освои во дисциплината 400 метри мешано.
Стојаноски и неговиот тренер Марјан Соколовски за време на претстојот во САД имаа голема помош од поранешниот пливач и олимпиец на Македонија Кире Филиповски. Инаку, соработката меѓу Стојаноски и Соколовски трае 12 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар