Србин направил градник кој за 7 дена ги зголемува градите за еден број!

До сега жените незадоволни од големината на градите мораа да одат "под нож" доколку сакаа да ги зголемат, но изгледа дека сепак добиле нова опција.
Милан Милиќ тврди дека направил градник кој вибрира, кој не само што ги зголемува градите, туку и ги зацврстува и приближува.
Градникот под име Енханцебра доаѓа со ветување дека може трајно да ги зголеми градите за еден број без потреба од пластична операција.

Милан објаснува дека градникот кој вибрира го зголемува дотокот на крв во градите и ја подобрува циркулацијата.
- Станува збор за природен процес кој ја подобрува циркулацијата на крвта и така ги храни градите. Кога го истражувавме човечкото тело, имавме идеја како да манипулираме со него, неговото ткиво и мускул. Веруваме дека најдовме решение за тоа, а во овој случај тоа знаење го користиме за да ги зголемиме женските гради, тврди Милиќ.
По 14 успешни тестирања на жени од целиот свет, градникот ќе почне да се произведува по цена од 167 евра, а на почеток ќе биде достапен на жени од САД и Велика Британија.

Милан вели дека до оваа идеја дошол откако девојката му рекла дека сака поголеми гради, по што поминал неколку месеци во истражување на оваа идеја како хоби поради тоа што работел како обезбедување.
Во 2015. својот изум го однел во Америка, каде две Американки први го тестирале неговиот производ надвор од Европа, пишува Деили Меил.
Првата личност која го тестирала градникот била неговата девојка Јелена Сабиќ, а резултатите ја оставиле без текст, за 7 дена ги зголемила градите за еден цел број.

За да дојде до овие резутлати, градникот потребно е да ог носите 5 дена во неделата, 3 пати дневно.
Ново на Сител
-

Кривична за екс градоначалник на Чашка
-

Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
