Србија: Убиено и запалено тричлено семејство кое шест дена се водело како исчезнато

Тричлено семејство од Алексинац се водеше како исчезнато шест дена. Таткото Горан Ѓокиќ (57), мајката Гордана (56) и ќерката Лидија (25) исчезнаа во неделата околу полноќ кога се враќале од Моравац во Алексинац. Утрово се пронајдени мртви.
Според „Блиц“, трите тела се пронајдени на непристапна локација во атарот на селото Тешица,изгорени и прекриени со лисја и гранки. Полициски извори откриваат дека телата биле целосно јагленизирани и дека родителите и ќерката биле идентификувани според накитот.
Според извори на „Нова.рс“, полицијата има сознанија и за можниот извршител на морничавото трикратно убиство, како и дека тој веројатно а ја напуштил Србија.
На местото на ужасното злосторство се упати и министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин.
Полицијата утрово го пронашла запален автомобилот „пасат“ во сопственост на Ѓокиќ, а потоа на десет километри од возилото биле пронајдени и нивните тела покриени со гранки и листови. И телата биле запалени, така што не е познато на кој начин се убиени.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
