Србија покрена обвинение против поранешни полицајци од Република Српска за воени злосторства во Сребреница
Српското обвинителство за воени злосторства покрена денеска обвинение против 8 поранешни вработени во центарот за обука „Јахорина“, на специјалната бригада на полицијата на Република Српска за воени злосторства врз цивилно население во Сребреница, јави Танјуг.
Поранешните полицајци се обвинети дека на 14 јули 1995 година организирале и учествувале лично во егзекуција на стотици босански муслимани во селото Кравице, во близина на Сребреница. Од жртвите убиени во Кравице, досега се идентификувани останките на над 1.300 цивили муслимани, закопани во неколку масовни гробници.
Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ денеска изјави дека обвинението го покажува односот на Србија кон најжестокото воено злосторство во Европа по Втората светска војна, нагласувајќи дека ниту еден воен злосторник и ниту една жртва нема да бидат заборавени.
- Делото е пример за исклучително добра регионална соработка на српското обвинителство за воени злосторства со обвинителството на Босна и Херцеговина и на српското министерство за внатрешни работи со полицијата на БиХ, изјави Вукчевиќ за Танјуг.
На 11 јули годинава беа одбележани 20 години од масакрот во Сребреница, извршен од босански Срби, во кој беа убиени над 8.000 муслимански мажи и момчиња. Масакрот во Сребреница е признат од Меѓународниот трибунал и Меѓународниот суд во Хаг за геноцид
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот