Србија ќе добие еден милион евра од ЕУ за борба против климатските промени

ЕУ преку претпристапните фондови ќе финансира еден милион евра за проект во Србија, насловен како „Стратегија за климатските промени со план за дејствување“ и ќе трае 18 месеци.
На конференција во Стопанската комора на Србија е истакнато дека целта на проектот е да се подготви стратегија за борба против климатските промени и план за дејствување на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина.
Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Мајкл Девенпорт изјави дека приоритет на ЕУ е намалување на последиците од климатските промени, додавајќи дека Србија е важен партнер во тој однос. Тој нагласи дека ЕУ има обврска да ја намали емисијата на штетни гасови со ефект на стаклена градина за 20 отсто до 2020 година, а до 2050 година тоа намалување да достигне над 80 проценти.
Вкупната помош на ЕУ за Србија, која е наменета за животната средина од 2000 до 2016 година е околу 700 милиони евра, а планираната идна помош во таа област се оценува на 42,5 милиони евра.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
