Србија испрати полициски сили на границата со Унгарија поради мигрантите
Српската Влада официјално упати протест поради употребата на солзавец против мигрантите од страна на Унгарија на територијата на Србија и додаде дека испраќа полициски единици на заедничната граница.
- Наша задача е да се избегнат идни напади од мигранти врз унгарски полицајци од наша територија, а исто така и да бидеме хумани и со почитување да ги префрлиме мигрантите од оградите, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.
При судирите на унгарско-српската граница се повредени 20 унгарски полицајци, како и две деца, кои се хоспитализирани.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун упати критики до Унгарија поради начинот на кој се однесува кон бегалците, оценувајќи дека тоа е неприфатливо.
Тој изјави дека е шокиран од постапките кон бегалците на унгарско-српската граница, додавајќи дека кон нив треба да се однесуваат со почитување и достоинство.
Ново на Сител
-
Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица
-
Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица
-
РСБСП: Да ги заштитиме децата во сообраќајот
-
Обвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички прием
-
ЈП ПОЦ: Минатата недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар
-
Нови правила за одобрување возила
-
ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан
-
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година