Срби кои превезувале мигранти излетале од патот откако по наредба од полициски службеник не застанале
На 05.04.2021 во 05.35 часот на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, кај клучка „Демир Капија“, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(47) и А.Љ.(23), двајцата од Република Србија, затоа што во возило „даеву“, со српски национални ознаки, во кое биле двајцата, а кое го управувал И.С., биле пронајдени седум лица – мигранти од Пакистан.
Во наведеното време, полициски службеници дале знак за запирање на нивното возило, но тие не застанале и продолжиле со голема брзина, но набргу потоа излетале од патот.
При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Пакистан, кои во незгодата се здобиле со телесни повреди. И.С. и А.Љ. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите