СПС со пет министри во новата влада, Дачиќ вицепремиер и шеф на дипломатијата
Коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) денес одржуваат состаноци на претседателствата на своите партии на кои ќе се одредат имињата за министри во новата српска влада на мандатарката Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада.
Според одлуките, во идната српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. Врз основа на договорот со колаицискиот партнер на СПС, Драган Марковиќ Палма, заменик претседателот на Единствена Србија, Раде Баста, инаку актуелен директор на Белградски електрани треба да биде нов министер за економија.
Дачиќ на прес конференцијата рече дека во новата влада СПС ќе има и двајца министри без ресор – Новица Тончев кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и Ѓорѓе Милиќевиќ за кого подоцна ќе се договори ресор.
Запрашан дали Душан Бајатовиќ ќе продолжи да биде директор на Србијагас, Дачиќ кажа дека за тоа не било поставено прашање, дека тоа не било тема на разговор, туку дека тоа останува како предлог.
Тој нагласи дека коалицијата на СПС соработува со Вучиќ веќе 10 години и оти смета дека Србија речиси во сите сегменти направила големи чекори кон ЕУ.
-Големата предност на ова време е изразената политичка стабилност, која е предуслов за постигнување на сите цели, а во најдобар интерес на Србија и на српскиот народ е нашата соработка да продолжи и во наредниот период, рече Дачиќ за соработката со Вучиќ.
Седницата на владејачката СНС сè уште е во тек, а во попладневните часови се очекува лидерот на таа партија да ги соопшти имињата на новите министри, кои ќе го сочинуваат и главниот костур на владата. Како што најави Вучиќ во владата ќе се најдат и имиња од малите коалициски партии на малцинствата, меѓу кои на унгарското, бошњачкото и хрватското малцинство.
Новата влада ќе има 25 министерства, четири повеќе од претходната, а се очекува да биде формирана во текот на следната недела.
Мандатар за состав на новата влада е поранешната премиерка Ана Брнабиќ.
Ново на Сител
-

Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари
-

Бројот на жртви од Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти
-

Царинска управа: Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми | ФОТО
-

Претрес во Гевгелија, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице
-

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
