Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација

Во заедничка акција на Министерството за внатрешни работи на Србија, Управата на криминалистичката полиција и МВР, во Скопје е уапсен С.М. (42), за кого постои сомнение дека подготвувал извршување на тешко кривично дело за потребите на организирана криминална група.
При претрес на станот и други простории што ги користел во Скопје, полицијата пронашла лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, помала количина марихуана, пиштол марка „CZ“ и муниција.

Според сомнежите на истражителите, С.М. илегално влегол на територијата на Македонија, каде што планирал извршување на тешки кривични дела, убиство, по налог на членови на криминалната група на која ѝ припаѓал.
Акцијата за апсење била реализирана благодарение на размена на оперативни информации меѓу безбедносните служби на Србија и Македонија, со што, според сомнежите, било спречено извршување на сериозно кривично дело.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
