Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов
Шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка вчера попладне под Царев Врв на Осоговските планини, на 2000 метри надморска височина пронашле и остраниле триесетина автомобилски гуми и картон подготвени за потпалување и предизвикување пожар.
-Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума, информира денеска раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Ангелов упатува апел до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко
-
Кривичниот суд Скопје започнува дигитална трансформација со поддршка од вештачка интелигенција
-
Незаконски присвоил 2 110 640 денари од пациенти, условна затворска казна за вработен во прилепската болница
-
Кривични пријави за две лица од Струга и струшко поради предизвикување пожари
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов