Спречен пожар во близина на станица за гас во Кочани

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани успешно локализираа пожар од поголеми размери што избувна во непосредна близина на станица за точење гас на влезот во градот.
Огнот од запалените стрништа зафатил површина од околу два хектари, а силниот ветер го префрлил на десетина метри од трите цистерни полни со ТНГ гас. Поради густиот чад и огнот отежнато се одвиваше и сообраќајот на магистралниот пат А3, на релацијата Штип – Делчево.
-Интервенцијата траеше повеќе од два часа, при што ангажиравме екипи со две возила и осум пожарникари екипи, кои со брзата реакција и присебноста спречија катастрофа од поголеми размери. И покрај неповолните временски услови пожарот беше ставен под контрола, а се направи и дополнително обезбедување на местото за да се спречи повторно разгорување и загрозување на локацијата, истакна Благој Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.
Случајот е пријавен кај надлежните инспекторски служби, а по направениот увид ќе биде поднесена соодветна пријава против предизвикувачот на пожарот.
Од ТППЕ – Кочани информираа дека само во текот на изминатиот викенд имале над 20 интервенции за гаснење оган од запалени стрништа и кај неисправна инсталација за одвод.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
