Спречен нов терористички напад во Франција
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев синоќа соопшти дека во близина на Париз бил уапсен француски државјанин, кој е осомничен за членство во милитантна група која планирала напади во Франција.
- Ова апсење помогна да се спречи заговор во Франција кој бил во поодмината фаза, изјави Казнев во обраќање кое беше пренесувано на француската национална телевизија.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Французинот, кој е упасен синоќа, во Булоњ-Бијанкур во парискиот регион, е оценет како „крајно опасен“ и полицијата интензивно трагала по него, откако во јули 2015 бил осудено во отсуство во Брисел, речиси истовремено со еден од организаторите на нападите во Париз на 13 ноември минатата година.
Веднаш по апсењето на осомничениот, за кој се претпоставува дека бил вклучен во нападите во Париз, француската полиција во текот на минатата ноќ спроведе обемна акција во париското предградие Аржантој,
Казнев нагласи дека засега нема докази дека новиот планиран напад во Франција е поврзан со нападите во Брисел во втроникот и оние во Париз од 13 ноември минатата година.
- Ниту еден расположлив елемент не го поврзува овој план (за терористички напад) со нападите од Париз и Брисел, рече Казнев.
Според француската информативна телевизија ИТеле, сомнителното лице изјавило дека поседува оружје и експлозив.
Радиото Франс Инфо, јави дека лицето било осудено на десет години затворска казна во негово отсуство во Брисел, поради членство во мрежа која органиизрала испраќање на џихадисти во Сирија.
Тој е идентификуван како Реза К., на возраст од 34 години.
Контраразузнувачките служби, придружувани од елитните полицајци на РАИД, нешто пред полноќ извршија претрес во зграда во Аржантој. При акцијата зградата била целосно евакуирана, за да може да се спроведе претресот на станот, паркингот и заедничките простории во оптимални услови.
Во неговиот стан е откриено мало количество на експлозив, а во тек се операци за деминирање.
Ако се потврдат сомнежите, ова ќе биде 12-ти по ред откриен план за напади во Франција во изминативе 15 месеци.
Од почетокот на 2016 година, 75 лица поврзани со терористички активности беа уапсени низ Франција. Овие апсења доведоа до покренување на 37 обвиненија и на 28 изречени затворски казни.
Ново на Сител
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог