Спортскиот карван „Спортот и семејните вредности 2016“ во Василево
Децата и родителите во Василево ги одмерија силите на спортскиот терен. Тие зедоа учество во проектот на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации „Спортот и семејните вредности“. Првиот човек на Агенцијата, Марјан Спасевски, вели дека спортот е најдобриот начин за надминување на проблемот со отуѓеност во самите семејства.
- Нашата цел е да ги зголемиме и зајакнеме семејните врски во современото македонско семејство. Во ова време на динамичен живот, отуѓеноста во самите семејства е многу честа, а спортот е еден од најдобрите настани кои може да ги приуштиме за семејствата за да се избориме против оваа општествено негативна појава. Универзалната моќ на спортот е да ги учи луѓето, да ги учи децата дека нема кус пат до успехот, туку треба многу работа, многу труд и секако поддршка од семејството. Се надеваме дека ќе поттикнеме некои ученици и професионално да се занимаваат со спорт, истакна Спасески.
Проектот се спроведува од октомври минатата година. Досега се реализирал во Скопје, Штип, Прилеп и сега Василево. Спасевски истакна дека нивна цел е да бидат опфатени не само големите урбани центри, туку и руралните општини.
- Агенцијата планира да го прошири проектот и во руралните општини. Спортот не смее да биде привилегија само само на големите урбани центри, туку да биде достапен секаде и секому. Ние инвестираме и во спортска инфраструктура, игралишта, за секој да може да спортува, појасни Спасески.
Ново на Сител
-
Во Белград ќе продолжи судењето за масовно убиство во Дубона и Мало Орашје
-
Владина делегација оддаде почит пред споменикот на св. Кирил и Методиј во Скопје
-
Четири лица загинаа во пожар во Токио
-
Радев: Желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак
-
На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието
-
За продолжениот викенд пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме
-
Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни
-
Таравари: Се уште немам решено дали ќе бидам министер за здравство