Спортската сала во Куманово повторно ќе стане бисер на Балканот, најави Тони Михајловски
Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Тони Михајловски презентираше програма која се однесува на враќање на спортот во Куманово, инвестиции во спортската сала и нејзина гасификација. Вложувањата ќе ги вратат победите и ордените, рече Михајловски.
-Куманово, за жал е избришано од спортската мапа и на Балканот и на Европа и светот. Куманово коешто некогаш носеше победи, многу награди, ордени, денеска ги нема, ампутирани се боксот, борењето, ракометот, кошарката, фудбалот не е на завидно ниво. Време е да престанат тие ампутирања и време е победите да се вратат во Куманово, рече Михајловски на прес-конференција, пред спортската сала.
Соколанската сала, најави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе стане спортски музеј во кој ќе се овековечат сите победи на различните спортски успеси на Куманово.
Спортската сала ќе се реновира, најави Михајловски и рече дека сега е во распаѓање, а во минатото беше бисер на Балканот во која се одиграа најдобрите натпревари, музички концерти. Михајловски најави дека салата ќе се гасифицира и ги повика кумановци да го заокружат бројот 7.
Ракометарот Борко Ристовски му даде поддршка на кандидатот, и рече дека со Михајловски ќе се врати спортот во градот.
-Чест ми е да го поддржам кандидатот и верувам дека после изборите Куманово ќе има сосоем нов спортски лик. Ќе го вратиме Куманово на мапата на спортот, кој е заборавен скоро. Куманово заслужува едно убаво спортско здание кое Тони го вети, кумановци да се вратат во салите, базените, Куманово да живее за спортот, рече Ристовски.
Михајловски ги покани кумановци во недела да присуствуваат на митингот на градскиот плоштад и да ги слушнат идеите и програмата која ја нуди ВМРО ДПМНЕ за овие избори.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму
-
Трамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата
-
Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа
-
Познати стартните 11 за Милевски за вечерашниот дуел со Казахстан
-
Зеленски: Ќе се сретнам со Трамп во Вашингтон в петок
-
Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа
-
Пијан гевгеличанец кој користел отсуство од затвор се обидел да ја убие поранешната партнерка
-
Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа