У17: Македонските фудбалерки со пораз од Косово останаа во Б лигата
Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години не успеа да се пласира во А дивизијата, откако попладнево загуби од домаќинот Косово со 1-2 (1-1) во решавачкиот натпревар на квалификацискиот турнир од Б лигата.
Избраничките на селекторот Катерина Милеска иако имаа предност од 1:0, на крајот во возбудлив и интересен дуел крај останаа без бод кој им беше неопходен за освојување на првото место.
Македонските фудбалерки последните 20 минути од средбата на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина ги одиграа со играч помалку, откако Комненова во периодот од 66 до 69 минута доби два жолти картони.
Стрелец на голот за водство на македонската репрезентација беше Попески во 11. Минута, по што Косово израмни во 27. минута преку Фека, а голот за победа на домаќинот го постигна Хоџа во 84. минута.
Македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир во Косово во воведните две кола ги совладаа Грузија со 5-0 и Ерменија со 4-0 и го освоија второто место.
Ново на Сител
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина