Трансферот на Азар во Реал е еден од најлошите во историјата на фудбалот
На денот кога Еден Азар и официјално ја заврши кариерата, неговиот трансфер во Реал Мадрид од Челзи во 2019 година повторно е под лупа.
Белгиецот дојде како ѕвезда на која ќе и бидат врачени клучевите на тимот, но ништо од тоа не се случи.
По спектакуларните седум години во Челзи, тој дојде на првите подготовки на „кралскиот клуб“ со 12 килограми прекумерна тежина и тоа беше само најва на она што ќе се случува во наредните четири години. Повредите му беа најголемиот непријател.
Реал за Азар му даде вкупно 207 милиони евра (115 оштета, плус 23 милиони годишно за плата), а Белгиецот за тоа време не одигра ниту еден Ел класико, постигна седум гола и запиша само 12 асистенции. Во Ла Лига 24 пати бил стартер, што значи шест пати годишно.
Има само 32 години, се очекуваше дека ќе се пензионира откако спогодбено замина од Реал, што доволно го илустрира односот на Азаров кон фудбалот во последните години.
Се уште има кандидати, но од која перспектива и да се погледне, трансферот на Азаро од Челси во Реал Мадрид е меѓу десетте најлоши трансфери на сите времиња.
Ново на Сител
-
Застрелан поранешен фудбалер на Хајдук
-
Без струја утре дел од општина Аеродром
-
Поради ограничувањето на руските медиуми, Русија го казни Google со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000$
-
Познато каде и кога ќе биде погребан Зоки Фаци
-
Земјотреси во Врање и Лесковац, почувствувани и во Македонија
-
Прифатени аргументите на министерот Николоски за пругата кон Бугарија, велат од Министерството за транспорт
-
Почина Зоки Фаци
-
Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата