Саво Милошевиќ нов селектор на БиХ

Поранешниот српски фудбалски репрезентативец, а сега тренер, Саво Милошевиќ (50) денеска е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, наследувајќи го на должноста Мехо Кодро, кој беше сменет на почетокот на овој месец по само два натпревари на селекторската клупа.
Милошевиќ е третиот селектор на БиХ од почетокот на оваа година по Кодро и неговиот претходник Фарук Хаџибегиќ.
Тренерската кариера Милошевиќ ја почна во белградски Партизан во март 2019 година, а пред назначувањето за селектор на БиХ ја предводеше љубљанска Олимпија, каде остана само четири месеци во текот на 2020 година пред да биде отпуштен.
На клупата на БиХ ќе дебитира на 13 октомври на гостински терен против Лихтенштајн во рамки на седмото коло во квалификациската група за пласман на ЕУРО2024.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
