-->
-->
Рафиња ќе го пропушти дербито со Реал
-->
Фудбалерот на Барселона Рафиња се повреди на синоќешниот натпревар од 8. коло на шпанското првенство против Севиља (1:0). Дваесет и шестгодишниот Бразилец поради болка во бутниот мускул беше заменет во 37. минута од натпреварот.
Според „Football Espana“, Рафиња ќе ги пропушти натпреварите против Порто и Гранада. Тој исто многу веројатно нема да игра против Реал Мадрид во Ел Класико на 28 октомври.
Попрецизна дијагноза и период на закрепнување ќе се знае денес по деталните прегледи.
Оваа сезона Рафиња настапи на седум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и три асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
