-->
-->
Политано: Наполи доминираше со Реал во вториот дел, многу сме разочарани од резултатот
-->
Фудбалерот на Наполи, Матео Политано смета дека неговиот тим не заслужи пораз од Реал Мадрид (2:3) во синоќешниот натпревар од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
- Ние сме разочарани. Реал Мадрид е одличен, но ние одигравме на нивно ниво. Почнавме добро, па застанавме десетина минути. Доминиравме во вториот дел, па сме многу разочарани од резултатот, изјави Политано за веб-страницата на УЕФА.
Реал Мадрид со шест бода е лидер во групата Ц. Наполи со три бода е на второто место.
Во следното коло, Наполи ќе игра со Унион Берлин, додека Реал Мадрид ќе се сретне со Брага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешен претседател на ДКСК
-

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
