Околу 35 илјади гледачи не можеа да го напуштат стадионот четири часа по прекинот на натпреварот Белгија – Шведска

Во Брисел (Белгија), околу 35 илјади луѓе кои дојдоа на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 меѓу Шведска и Белгија чекаа четири часа за евакуација на стадионот по убиството на двајца шведски навивачи.
Натпреварот се одигра на стадионот „Крал Бодуен“.
Според ТВ каналот „ВРТ“, по прекинот на средбата, полицијата им наредила на гледачите да останат на своите места. На стадионот беа повикани и дополнителни сили за да се подготват за безбедно евакуација на навивачите. Околу 35 илјади луѓе останаа во арената околу четири часа, по што околу полноќ полицијата почна да ги отстранува сите од стадионот.
Евакуацијата траела околу 30 минути.
Синоќа, двајца навивачи облечени во дресови на шведската репрезентација беа убиени во Брисел пред квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Белгија и Шведска. УЕФА го прекина натпреварот од безбедносни причини.
Селекторот на шведската репрезентација Јане Андерсон изрази сочувство до семејствата на жртвите.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
