Левандовски неизвесен за „Ел Класико“
Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски го повреди скочниот зглоб на левата нога во вчерашниот натпревар против Порто во Лигата на шампиони, потврди денеска каталонскиот клуб.
Барселона триумфираше на гостувањето во Португалија со 1-0, а Левандовски го напушти теренот во Порто во 36 минута.
Шпанскиот првак не прецизираше колку долго ќе трае рехабилитацијата на Левандовски, а шпанските медиуми објавија дека полскиот голгетер би можел да отсуствува од терените еден месец.
Тоа ќе значи дека Левандовски со сигурност ќе го пропушти следниот натпревар во Ла Лига против Гранада в недела, а неизвесен ќе биде неговиот настап и на „Ел Класико“ против мадридски Реал на 28 октомври.
Повредата на Левандовски е уште една во низата лоши вести за тренерот на Барселона, Чави, кој, исто така, поради повреди не може да смета на услугите на Педри, Френки де Јонг и Рафиња.
Ново на Сител
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал
-
ЈП „Комунална хигиена“: Отстранети диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир