Хрватската полиција уапси навивачи на Динамо во врска со убиството на Кацурис
Хрватската полиција уапси повеќе навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, кои грчкото правосудство ги поврзува со масовните немири во Атина во кои во август беше убиен грчкиот државјанин Михалис Кацурис, јавија денеска медиуми во Загреб.
Полицијата, засега, не изнесе детали, а медиумите наведуваат дека се лишени од слобода девет припадници на навивачката група „Бед Блу Бојс“, а по уште еден се трага.
Навивачот на фудбалскиот клуб АЕК, Михалис Кацурис, беше убиен на 7 август во инциденти кои се случија во Атина ноќта пред квалификацискиот натпревар за Лигата на шампиони.
Ширум Грција потоа беа уапсени вкупно 102 навивачи на загрепски Динамо, кои во грчките затвори чекаат да заврши истрагата, додека некои од осомничените, како што се тврди, успеале да ги напуштат грчките граници.
Ново на Сител
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи