Де Лаурентис: Фала му на Бога што не го доведов Енрике, погледнете што прави човекот во ПСЖ

Наполи загуби на домашен терен од Фиорентина со 3:1. Актуелниот шампион по осум кола има седум поени помалку од лидерот во Серија, Милан. Во Лигата на шампионите, Наполи стартуваше со победа во Брага (1:2), а потоа забележа пораз на домашен терен од Реал (2:3).
Лучијано Спалети, кој минатата сезона го предводеше клубот до првата титула по 33 години, повеќе не е на клупата на Наполи. Спалети ја презеде репрезентацијата на Италија, а на клупата на Наполи го наследи Руди Гарсија. За многумина Гарсија нема капацитет да го води Наполи.
Претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис на прес-конференција во Рим ја коментираше ситуацијата во клубот.
„Сигурен сум дека оваа сезона ќе се бориме за титулата во лигата до самиот крај. Бев во контакт со неколку тренери летово. Тиаго Мота не сакаше да дојде, а имав и неколку разговори со Луис Енрике. Фала му на Бога што не го донесов, видете што прави со ПСЖ“, изјави Де Лаурентис и ја коментираше идејата Суперкупот на Италија повторно да се игра во Саудиска Арабија:
„Оној што сака да игра Суперкуп во Арабија е морон. Гледате ли што се случува во Израел? Сигурен сум дека ќе бидат забранети летовите во тој регион. И сега ќе одиме таму за некој да заработи неколку уште неколку милиони? Ајде да играме на Олимпико“.
Ново на Сител
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
-

Лукашенко: Импресиониран сум од неодамнешните постапки на Трамп
-

Мареска: Палмер е добро и подготвен за игра
-

Приведени две лица од Скопје, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога и дигитална вага | ВИДЕО
-

Камбоџа: Тајланд продолжува со бомбардирање и покрај повикот на Трамп за прекин на огнот
-

Божиновска - Хандановиќ-Ѓуровиќ: Интерконекторот Македонија - Србија оди напред со забрзано темпо
