Белингем: Убаво е кога се постигнува решавачки гол во судиското надополнување, но срцето ќе ми биде подобро ако почнам да погодувам порано
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем даде свое видување за победата над Унион остварена вчеравечер со 1:0 во 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Белингем го постигна единствениот гол на натпреварот во четвртата минута од судиското надополнување.
- Доминиравме во текот на целиот натпревар, создавајќи добри шанси за гол. Победата е сосема заслужена. Многу сум им благодарен на сите што направија голема работа за да ме интегрираат во клубот. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам гол во 90+4 или 90+5 минут, иИако ќе биде подобро за моето срце ако почнам рано да постигнувам голови, изјави Белингем.
Дваесетгодишниот Британец беше прогласен за најдобар играч на натпреварот против Унион Берлин.
По натпреварот, капитенот на Реал, Начо изјави дека Белингем е роден да игра за клубот од Мадрид.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
