Според најнов извештај на Репортери без граници, Србија најлошо рангирана во регионот

Во најновиот Извештај за слободата на медиумите во светот, објавен од организацијата „Репортери без граници“, Србија забележа значителен пад, спуштајќи се на 104-тото место од вкупно 180 земји. Ова рангирање ја става Србија на најниско место во споредба со другите земји во регионот.
Во однос на претходната година, регистрирано е опаѓање од осум позиции, што дополнително ја потврдува негативната динамика кога е во прашање состојбата со медиумските слободи.
Извештајот истакнува дека новинарите во Србија се изложени на значителен притисок. Особено е издвоена 2025 година, кога новинарите кои известувале за антивладини протести биле жртви на рекорден број физички напади – најмалку 100, при што во многу случаи биле инволвирани и припадници на полицијата.
„Во една политичка клима која стана уште позасилена од антивладините протести во периодот 2023-2025 година, новинарите честопати се мета на напади од членови на владејачката елита, предводена од претседателот Александар Вучиќ, кој се покажа како предавник на слободата на медиумите. Овие напади се интензивираат од одредени национални телевизиски канали“, се наведува во извештајот.
„Репортери без граници“ исто така укажува на сериозни пречки во функционирањето на државните институции. Судскиот систем, кој би требало да обезбеди заштита на новинарите, сè уште не демонстрира доволна независност и ефикасност во процесуирањето на случаи на напади, убиства и тужби за SLAPP (стратешки тужби против учество во јавноста).
Функционирањето на телото за безбедност на новинарите дополнително е отежнато поради недостатокот на политичка волја, што резултираше со бојкот на овој механизам од страна на медиумските организации.
Финансиската зависност на медиумите претставува уште еден значаен проблем. Поголемиот дел од нивните приходи потекнуваат од рекламирање и нетранспарентни државни субвенции. Пристапот до овие средства е во голема мера контролиран од страна на владата, што директно влијае на уредувачката независност.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
