Според индексот на Херитиџ, Македонија најдобра во регионот по степенот на економски слободи
Економијата на Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот за 2021 година на Xеритиџ фондацијата. Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46-то место во светот.
Вкупниот резултат на Индексот за економска слобода на Македонија годинава е 68,6 и е намален за 0,9 поени, првенствено, како што велат од Херитиџ, поради падот на трговските слободи.
Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место, додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место.
Македонија е рангирана на 27-то место меѓу 45 земји во регионот на Европа.
-Рангирањето на Македонија спаѓа во категоријата „умерено слободна“ оваа година. За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на владата треба да биде реформа на судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции. Постигнувањето на друга цел, како промовирање на странски директни инвестиции во извозно ориентирани индустрии, ќе биде поттикнато со посилно спроведување на антикорупциските статути, се вели во извештајот на „Херитиџ“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот