Споменик на Супермен во Кливленд
Локаланите власти на американскиот град Кливленд решија да постават скулптура на Супермен, во чест на нивните двајца сограѓани Џери Сигел и Џо Шустер, кои се творци на ликот на овој суперхерој.
Челичната скулптура, дело на вајарот Дејвид Деминг, ќе биде висока четири метри и украсена со кристали на „криптон“. Споменикот ќе биде поставен на брегот на езерото Ири.
- Тоа ќе биде одлично ново обележје на градот, изјави претставник на градските власти за локалниот весник „Плејн Дилер“.
Сигел и Шистер потекнуваат од Кливленд и нивната соработка датира уште од 1933 година. Од Кливленд е и сопругара на Шустер, Џоана, која им била модел за ликот на девојката на Супермен, Лоис Лејн.
Споменикот на Супермен ќе чини три милиони долари и се очекува да биде поставен во текот на 2017 година.
Ова не е прв случај за подигнување споменик на фиктивен лик. Во Филаделфија повеќе од две децении имаше споменик на Роки Балбоа, во Њујорк веќе 50 години постојат споменици на ликовите од книгата „Алиса во земјата на чудата“, а во Лондон и Москва има скултури на Шерлок Холмс.
Ново на Сител
-
Објавени првите фотографии од телото на папата Франциск
-
Зеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктура
-
Осми ден од блокадата на објекти на РТС
-
Харвард ја тужи администрацијата на Трамп заради замрзнатите средства за универзитетот
-
„Влен“ неделава треба да се трансформира во партија
-
Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
-
НБА именува тројца кандидати за МВП
-
Сабаленка за поразот од Остапенко: По ова финале ќе нарачам Порше