Споменик на Меланија Трамп во Босна и Херцеговина

Првата дама на САД, Меланија Трамп следниот месец ќе добие свој споменик во босанскиот град Бања Лука, пишува „Сараево тајмс".
Гипсената статуа на госпоѓа Трамп во природна големина, која е родена во Југославија, ќе биде откриена спроти зградата на фабриката за обувки „Бема" на 20 јуни годинава.
Иницијативата за нејзино поставување е на директорот на претпријатието. Неговата цел е, како што вели, да привлече внимание кон градот и да придонесе за подобрувањето на односите помеѓу Вашингтон и Сараево.
- Ние се надеваме во иднина од САД да добиме пријателство, наместо оние бомби што српскиот народ ги доби од Бил Клинтон, нагласил тој.
Неговата компанија и испрати и обувки од својата линија на американската прва дама, по повод изборот на Доналд Трамп за претседател.
Меланија Трамп е родена во 1970 во Словенија, која тогаш беше составен дел на СФР Југославија.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
