-->
-->
Спомениците ќе бидат под засилен надзор и инспекции
-->
Град Скопје кој е надлежен за поставувањето и одржувањето на новопоставените ознаки на спомениците во централното градско подрачје, ќе го засили надзорот за во иднина да се спречи нивно оштетување.
За демолирањето на дел од ознаките што беше направено изминатата ноќ, градските власти велат дека немаат сознанија кој го сторил тоа и поради тоа не можат да бидат изречени санкции.
– Спомениците се оштетени од непознати сторители и од тие причини не може да бидат изречени казни.
Поради зачестената појава на оштетување, Град Скопје во рамките на своите надлежности во наредниот период ќе го засили надзорот врз спомениците, а тие ќе бидат и под засилени инспекциски контроли, информираат за МИА од Град Скопје.
Градските власти најавија дека ќе ги санираат оштетените делови на спомениците, а ознаките онаму каде што се отстранети ќе бидат повторно поставени.
Од Град Скопје апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат спомениците.
Новата ознака што беше поставена вчера на споменикот на Филип Втори на скопскиот плоштад „Карпошово востание“ ноќеска беше извадена и украдена, а на споменикот на Олимпија е оштетена.
Оштетена е, но и натаму стои залепена, ознаката на споменикот на Александар Македонски на централниот плоштад во Скопје.
На ознаките, согласно Преспанскиот договор, на македонски, албански и на англиски јазик пишува дека овие споеници припаѓаат на античката хеленска историја и на светското културно наследство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лазаров: Воопшто нема да го потцениме Бриксен, одиме на победа и на реваншот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за стружанец вработен во Управата за имотно правни работи
-
Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА
-
Туск: Капитулација под принуда на Украина би значела капитулација на целиот Запад
-
Шолц: Украина не е виновна за руската агресија
-
Таравари: Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница
-
Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари
-
Нови 2.726 случаи на заболени од грип изминатата недела, намалување за 5,3 проценти во однос на претходната недела