СПМ со честитка за Божиќ до православните верници
До поглаварот на Македонската Православна Црква–Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан
Во овие празнични денови лично и во име на Социјалистичката партија на Македонија Вам и на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите православни верници и македонски граѓани со особено внимание го честитам Рождеството Христово Божиќ, славењето на љубовта, вистината, човечноста и хуманоста.
Бадниковата вечер и Божиќ носат топлина во нашите домови, а семејствата и ближните ги исполнуваат со добра мисла, милосрдие и благослов. Тие нè упатуваат на вистинските вредности на љубов, добрина и грижа за нашите ближни, пријателите и нашите соседи.
Затоа да ги споделиме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на немоќните и на обесхрабрените.
Посакувам заеднички да ги негуваме единството и искреноста, спокојно продолжувајќи во градењето на мирот, разбирањето и толеранцијата, важни за развојот на општеството и на нашата Држава Македонија.
Во овие тешки времиња нам заедништвото и слогата ни се потребни како никогаш до сега, а тие бараат да ги надминеме поделбите, да се свртиме кон она што не поврзува и сплотува.
Божиќната светлина е водилката на секој од нас на нашиот пат кон општиот и личниот успех и среќа.
Затоа што успехот на поединецот е и успех на општеството и на државата.
На сите македонски граѓани православни христијани кои го слават Божиќ им посакувам топлина и љубов во семејствата, радост и среќа во текот на целата година.
Христос се роди!
Љупчо Димовски,
Претседател на Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот