СПМ: СДСМ е најголемата пречка за интензивирање на евроитегративниот процес
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека етикетирањето со „за“ или „против“ ЕУ што го спроведува СДС е смешно, па дури и безобразно.
Одамна е јасна ориентацијата на македонските граѓани дека се за Европската Унија. Интересот и поддршката кон ЕУ опаѓа заради некоректниот однос и понижувањата што ги чувствуваат од ЕУ со години наназад.
Социјалистичката партија на Македонија го повторува ставот за антиевропската ориентација на власта, сметајќи го Ковачевски и сите околу него за најголемата пречка за интензивирање на евроитегративниот процес на Македонија. Сокривајќи го тоа недело власта лицемерно си придава улога со некаков нереален фронт.
Ретроградната природа на власта со сите криминали и корупции на Македонија не и носи ништо добро, освен интензивирање на притисоците и политичката пресметка со опозицијата за прифаќање на уставните измени, како единствена надеж за задржување на Владата за краток период.
Социјалистичката партија на Македонија недвосмислено се изјасни дека е против наментнатите промени на Уставот. Затоа етикетирањето и насилното условување и пристискање кон пратениците е неприфатливо, за што жестоко предупредуваме.
Постапката што Ковачевски и власта ја водат за промена на преамбулата на Уставот е спротивна на уставните и законските решенија. Затоа се погласни се брањата од граѓаните кои во 80% се против овие насилнички измени, што СДС и ДИУ го игнорираат и не го гледаат затоа што работат против интересите на граѓаните.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека Ковачевски и предавничката власта мора да си одат, затоа што работат спортивно на законите и отстапуваат од позициите на националните определби и интереси на македонскиот народ и граѓаните.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
